Tuesday, December 10, 2013

Дрвени кровни конструкции

Дрвени кровни конструкции

Основната улога на кровот е да ја покрие зградата, да ја заштити од врнежи, топлина, студ, пожар, бучава, да биде подлога за соларни системи, за кровни прозори.

Изборот на врстата, обликот, нагибот, сливните површини, материјалот, изборот на начинот на изведбата на кровот, зависи од намената, величината и габаритот на објектот, климатските услови, естетските ефекти кои треба да се постигнат.

 

Кровот се состои од два основни дела: кровен покривач и кровна носива конструкција која го прима товарот од покривачот и од атмосферските влијанија, и го пренесува на конструктивните носиви елементи на зградата.

Крововите се разликуваат према нагибот, сливните површини и конструктивниот склоп. Крововите со нагиб поголем од 25 степени се стрмни кровови, од 5-25 с. со благ нагиб, а помали од 5 с. ретко се изведуваат кај класичните кровови.




Кровот се состои од една или повеќе кровни површини, кои се пресекуваат на линијата на слемето, гребенот и пресекот.

За изработка на кровните конструкции се употребуваат полни греди, гредички, даски, летви, сложени профили, заковани или лепени.


Кровни конструкции од ламелирано дрво. Најпогодно дрво за оваа врста на конструкција е смреката поради своите добри особини. После технолошкиот процес за добивање на лепено дрво (сушење, лепење со вештачки лепила, пресување, итн) добиваме производ кој има цврстина поголема од природното дрво. 




  • Испитувањата покажале дека ламелираните носачи имаат посебна отпорност кон пожарите(подобра од бетонот, челикот, стаклото, циглите), бидејќи погорено дрво е послаб преносник на топлина и има изолирачки особини, а градежните материјали со висок коефициент на топлинска водливост брзо ја губат цврстината во пожарни температури.

  • Водоотпорноста на лепените профили ја постигнуваме со квалитетна изведба и прецизен избор на граѓа.

  • Основно растојание меѓу носачите е 4-10 м.
  • Конструкциите од ламелирано дрво може да се: гредни носачи, решеткасти носачи, конзоли, двозглобни и трозглобни рамки, двозглобни и трозглобни лакови. 

  • Кај гредните носачи, најекономичен распон е од 10-30 м, а нагибот на покривот 3-15 степени.
  • Кај конзолните носачи, економичен распон е 5-15 м., а нагибот на покривот 0-10 степени.
  • Рамките и лачните носачи може да се изведат како двозглобни или трозглобни. 
  • Ламелираните преднапрегнати носачи се состојат од два еднакви дела на дрвото. На одговарачки места по должината се наоѓаат жлебови за провлекување на кабелот. Елементите се лепат и се прицврстуваат со шрафови за зголемување на стабилноста на конструкцијата, а низ надолжната дупка се провлекува кабел усидрен на челото на носачот. На тој начин, покрај заштедата на материјалот, се зголемува и носивоста на носачот.


 









No comments:

Post a Comment