Tuesday, December 10, 2013

Дрвени конструкции



Вовед


Материјали кои најчесто се употребуваат за дрвени конструкции се : дабот, буката, борот, јасенот, багремот, липата итн. 

Дрвената граѓа се добива од трупци кои се обработуваат во пилани со стандардни димензии. Градежното дрво ги опфаќа: гредите, гредичките, летви, талпи и даски од разни димензии.

По квалитетот и стандардите граѓата се дели на :
  1. класа со посебна носивост
  2. класа со обична носивост
  3. класа со мала носивост 
Деловите на дрвените конструкции мора да се врзат за да би дејствувале како една конструктивна целина. Таа се постига со тесарски врски зајакнати со челични и дрвени врзни средства, како и со лепила од природно или вештачко потекло.
Пилената дрвена граѓа е регулирана со прописи, а се дели на даски, талпи, летви, гредички и греди








Врзни средства 
  • Врсти на тесарски врски : за продолжување, вкрстување, спој под прав агол, спој по кос агол, на зголемување, на проширување, аголно поврзување.
  • Врзни средства : може да се од дрво, челични или лепила. Дрвените може да се клинови, дрвени пера, подметачи и др.
  • Челичните врзни средства : се многу посилни и нивната употреба е универзална а од нив разликуваме : челични клинци со глава или без глава, клинци за прицврстување. Димензиите им се изразуваат со дебелината и должината во mm. 
  • Шрафовите може да се со или без матица, во разни врсти. Поцврст е спојот со шрафовите отколку со клинците. 
  • Кламфи или пијавици кои може да се округли, четвртасти и кружни 
  • Челичните прстени (карики) најчесто се користат за поврзување на обла граѓа
  • Тракасто железо се користи за продолжување на гредите, нивно поврзување и слично.












  • Лепилата ги поврзуваат предметите или елементите со помош на еластичниот филм кој се создава по испарувањето или хемиската реакција со лепилото. Лепилата може да се органски ( туткал, скробни, каучукови, глитенски, смолни) или синтетички ( формалхедин, поливинил, полиакрил, поливинил хлорид, целулозни деривати итн.) 
  • Во поново време се користат лепила на база епоксисмоли ( за лепење на лесни метали) и силиконски лепила. 
  • Со лепењето не се оштетуваат дрвените влакна, што допринесува за поголема искористеност на дрвениот пресек.





















Дрвени ѕидови

Дрвените ѕидови се прават од трупци, од полутрупци од тесани греди и талпи. Дрвените ѕидови се делат на : полни дрвени ѕидови, костурни дрвени ѕидови и монтажни (панелни) дрвени ѕидови. 



  • Полни дрвени ѕидови - поради големата количина на дрво што е потребна, се прават во шумски предели, за викенд куќи и туристички објекти. Ѕидот може да се изведе од трупци, тесани греди и талпи. 



  • Костурни дрвени ѕидови - има два вида : Бондрук ѕидови со различна исполна и американски костурни ѕидови од разни типови.
  • Кај Бондрук ѕидовите, главните носачи се столбовите, хоризонталните и косите греди. Може да се приземни и катни. Изработката на бондрук ѕидот почнува со поставување  на хоризонтална греда на темелниот ѕид. Над темелот претходно се поставува хидроизолација.
  • Исполната кај бондрук ѕидовите може да е различна, од непечена глина и цигла, до современи решенија со разни лесни градежни и изолациски плочи и материјали. 

Дрвени костурни ѕидови од талпи
  • Се применуваат за изградба на индивидуални станбени објекти во подрачјата кои изобилуваат со дрво, посебно во Америка. Конструкцијата на ѕидовите е од вертикално поставени талпи, со димензии 4,5/10 см., со осовинска раздалеченост од 45 см. 
  • Карактеристика на оваа конструкција е да столбовите проаѓаат низ два ката. За разлика од бондрук ѕидовите, елементите на ѕидот се поврзуваат со челични врзни средства.
  • Во просторот помеѓу талпите се поставува топлинска изолација (стаклена волна, пилевина, лесни градежни плочи итн.)





1 comment:

  1. Добрыя артыкулы, Вы чулі пра містэра Бенджаміна, электронная пошта: Lfdsloans@outlook.com --WhatsApp Кантакт: + 1-9893943740-- якія працуюць з паслугамі фінансавання, яны даюць мне крэдыт у памеры 95 000,00 долараў, каб пачаць свой бізнес, і я плачу ім штогод вось ужо два гады, і мне яшчэ засталося два гады, хаця мне падабаецца працаваць з імі, таму што яны - сапраўдны крэдытор, які можа даць вам любы крэдыт.

    ReplyDelete